ping.mkагрегатор

tedxskopje

  • карма: 1
  • карма од коментари: 13
  • корисник е 1 година

Групно интервју на TEDxSkopje: Поставете прашања и добијте официјални одговори

tedxskopje 0 поени1 поен пред 1 година[-]

Деталите во врска со лиценцата се објаснети на http://tedxskopje.mk/za-nas/licenca. Краткиот одговор е дека лиценците што ги дава TED за TEDx настани се за 100 лица освен ако во организацијата не е вклучен некој што учестувал на TED конференција.

За овој настан не успеавме да најдеме такво лице. Но, во иднина тоа е отворена можност и останува да се надеваме дека помеѓу TEDстерите има и некој од Скопје.

За крај, уште еднаш благодариме за поставените прашања, и се надеваме дека бевме доволно јасни и исполнителни во одговорите. Се надеваме дека нема да замерите што нема да одговараме на повеќе прашања и нема да учествуваме во понатамошна дебата од причини што мораме да се посветиме на заокружување на организацијата на настанот кој нѐ очекува за десетина дена. Исто така му се заблагодаруваме на уредништвото на ping.mk за отстапениот простор.

Групно интервју на TEDxSkopje: Поставете прашања и добијте официјални одговори

tedxskopje 0 поени1 поен пред 1 година[-]

За жал немаме точна информација во врска со географското потекло на публиката. Во пријавата не се бараше да се внесат такви информации.

Групно интервју на TEDxSkopje: Поставете прашања и добијте официјални одговори

tedxskopje 0 поени1 поен пред 1 година[-]

При изборот на публиката се трудевме колку што е можно повеќе да обезбедиме дека во салата ќе присуствуваат луѓе со различна професионална позадина, со различна возраст и со различни интереси. Ваквиот метод можеби изгледа неправеден бидејќи на некој начин позитивно дискриминира кон професии кои се помалку застапени во вкупниот број на пријавени на сметка на оние кои ги има најмногу, но ова е најдобриот начин што го препорачува TED и искуствата од предходни TEDx настани од ваков тип. Ние, воглавно, се водевме не само по строгите правила на TED туку и по срдечните препораки на луѓе од светот кои ги споделуваат своите искуства од TEDx.

Понатаму, во пријавата беше наведено дека личните податоци, т.е. генералиите, нема да играат улога при изборот на посетителите. Дававме бодови по сите други податоци и до ова се придржувавме толку цврсто што би се изненадил и човек што нѐ познава, но се чини дека нема начин тоа да го докажеме. Се работи за чесност и доверба. Доколку немате доверба, никако не би можеле да се оправдаме.

Не се сметаме за елита и да, некои од нас го предвидуваа ова.

Групно интервју на TEDxSkopje: Поставете прашања и добијте официјални одговори

tedxskopje 0 поени1 поен пред 1 година[-]

Билбордите низ градот освен што ја објавуваат локацијата и датумот на настанот го комуницираат и логото и брендот на TED. Мислиме дека покрај очигледните користи од првите информации за оние луѓе кои можеби ќе сакаат да следат на интернет што се случува, вторите се општо полезни бидејќи ја запознаваат јавноста со TED и тоа може да ги поттикне луѓето да се информираат, да гледаат видеа од веќе снимени говори, да се приклучат во преведување, и, зошто да не, да организираат уште еден TEDx настан.

Групно интервју на TEDxSkopje: Поставете прашања и добијте официјални одговори

tedxskopje 0 поени1 поен пред 1 година[-]

Ова прашање веќе е обработено на http://tedxskopje.mk/za-nas/sto-nudime. Но, еве дополнително: голем дел од луѓето што беа пријавени од јавноста беа контактирани од страна на организаторите на TEDxSkopje. Моравме да работиме во рамките на зададените рокови и затоа не можевме да го контактираме секој потенцијален кандидат или пак да ги чекаме совршените дванаесет. Понатаму, голем дел од нив воопшто не се одзваа, некои не можеа да бидат во Скопје во овој период, некои имаа други обврски... Од тие што се тука, слободни и волни, се направи избор и по серија разговори со нив беше направен конечниот избор. Повторуваме, како два основни критериуми при изборот ги земавме идејата која говорникот сака да ја приложи, како и способноста тоа да го направи на начин карактеристичен за TED-конференција.

Процесот на избор на говорници можеби е уште посложен од изборот на публиката, затоа сметавме дека нема да биде од корист доколку на Google групата се шпекулира со имиња или се надгласува. Затоа таму немаше детални информации за овој процес.

Групно интервју на TEDxSkopje: Поставете прашања и добијте официјални одговори

tedxskopje 0 поени1 поен пред 1 година[-]

Затоа што ни беа потребни информации за потоа да контактираме со луѓето.

Од друга страна, ако баравме псевдоним тогаш секој ќе требаше да отвара и нова адреса за е-пошта, бидејќи адресите во најголем број содржат имиња и презимиња. Понатаму, дури и да беше целосно псевдонимизирано, никој не може да им забрани на луѓето да го пишат своето име во некое од другите полиња.

Затоа, уште еднаш, ние ја сфаќаме нашата работа сериозно и го очекуваме истото од оние што сакаат да ни се придружат.

Групно интервју на TEDxSkopje: Поставете прашања и добијте официјални одговори

tedxskopje 0 поени1 поен пред 1 година[-]

Прашањето за говорниците веќе го одговоривме. За публиката исто така со дополнување дека сите информации за тоа беа наведени на пријавата која беше достапна за пополнувње. Прашањето за жирито исто така го одговоривме.

Буџетот на настанот го покриваат спонзорите и другите помагачи на настанот. Тие се објавени на http://tedxskopje.mk/partneri. Детали во врска со финансиите не можеме да објавуваме без нивна согласност, но можеме да кажеме дека три спонзори учествуаат со парични средства кои се користат за печатење на материјали и обезбедување на храна за настанот. Сите други спонзори учествуваат со услуги или производи кои ги добиваме готови.

Списокот со говорници е полн, но поради технички (ги немаме сите биографии одеднаш) и практични (да има нова содржина секоја недела на веб страницата) причини, како и некаков PR момент за да има изненадување, нивните имиња и биографии се објавуваат етапно.

И промоцијата и одбивањето се дел од обврските што ги преземавме со добивањето на лиценцата.

Групно интервју на TEDxSkopje: Поставете прашања и добијте официјални одговори

tedxskopje 1 поен2 поени пред 1 година[-]

Веќе се чувствуваме како да даваме интервју за zuberot. :) Прашањево што добило волку гласови ја искривува вистината. Не е точно дека нашите членови не се задоволни со изборот. Изборот на публиката го вршеа членови на организацискиот одбор и никој надвор од таму не знае детали во врска со тоа. Посочената дискусија одразува незадоволство поради недостаток на комуникација што е нешто од кое што не бегаме, напротив се трудиме да одговориме на сите прашања и сето тоа да биде колку што можно повеќе јавно. Организацијата на овој настан е голема и сложена и вакви недоразбирања помеѓу луѓето не се невообичаени.

Групно интервју на TEDxSkopje: Поставете прашања и добијте официјални одговори

tedxskopje 0 поени1 поен пред 1 година[-]

Не сме сигурни. Имаме доверба во јавноста што сака да учествува на овој настан дека нема да си поигрува со нас. Ние ја сфаќаме нашата работа сериозно и го очекуваме истото од оние што сакаат да ни се придружат. Ако некој си поигрува, тогаш тоа нему нека му служи на чест.

Местата што ќе се ослободат ќе им бидат понудени на следните лица што се рангирани на списокот. Од тие причини и тие што добија известување дека се одбрани мора да го потврдат своето доаѓање.

Групно интервју на TEDxSkopje: Поставете прашања и добијте официјални одговори

tedxskopje 0 поени1 поен пред 1 година[-]

Нејасно ни е како ова прашање добило толку многу гласови кога е спротивно на оние начела што се наведени за водењето на оваа дискусија. Нема да објавуваме имиња затоа што не сакаме луѓето што го работеа овој дел да бидат доведени на јавни напади или омаловажувања.

Сепак, ќе потсетиме дека имињата на целокупниот тим што стои зад TEDxSkopje се објавени на http://tedxskopje.mk/za-nas/organizatori и на Google групата http://groups.google.com/group/tedxskopje/. Зад изборот на публиката, како и зад сите други одлуки, стои организацискиот одбор на овој настан.

Групно интервју на TEDxSkopje: Поставете прашања и добијте официјални одговори

tedxskopje 1 поен2 поени пред 1 година[-]

Пред сѐ, благодариме за прашањата. Во врска со објавувањето на статистички податоци, нашата немера беше токму таква. Нашиот план беше овие информации да се објават по настанот бидејќи потребно е прво сите што ќе бидат публика на овој настан да го потврдат своето доаѓање, да присуствуаат, а ние да прибереме дополнителни податоци од нив и да добиеме согласност истите да ги објавиме.

Сепак, вака на брзина, можеме да кажеме дека од 100 избрани лица 61 се мажи 39 се жени. По професии, воопштено софтвер, комуникации, инжинерство, технологија, наука - 37, општествени науки, бизнис, право, економија - 43, дизајн, уметност архитектура - 19 и 1 лице што е средношколец. Треба да додадеме и дека за некои од професиите што луѓето ги имаат можеби ваквата класификација е престрога.

Користењето на овој веб-сајт претставува прифаќање на нашиотДоговор за користењеиПолитика на приватност.