- „Вечери на женските права“ е фестивал организиран од канцеларијата на УНИФЕМ (Развоен фонд за жени на Обединетите Нации) во Скопје, Универзитетот за аудиовизуелни уметности ЕСРА и Институтот за родови студии на Филозофскиот факултет, Универзитет Св. Кирил и Методиј, за одбележување на меѓународниот ден на жената 8ми Март и 30 годишнината од усвојувањето на Конвенцијата за елиминација на сите форми на дискриминација врз жените (CEDAW).
На фестивалските вечери ќе бидат прикажани 4 филмови кои презентираат различни приказни на жени. Истите ќе бидат проследени со дискусии на поврзани теми кои ќе имаат за цел да ја развијат свеста за статусот на правата на жените и предизвиците со кои сме соочени во остварувањето на родова рамноправност на сите нивоа.
Фестивалот истотака ќе ја вклучи изложбата „Каде одиме?“ изработена од студентите на ЕСРА во соработка со студентите на родови студии, која прави паралела на искуствата на жените и правата загарантирани со CEDAW.
Настанот ќе биде затворен на 8 март со забава и коктел.
Влезот е слободен за сите фестивалски настани.
коментари
овде нема ништо