Salt
САЛТ
Oд Понеделник до Петок: 11:00, 13:30
Режија: Филип Нојз
Улоги: Анџелина Џоли, Даниел Олбрихски, Лиев Шрејбер
По подолга пауза Анџелина Џоли конечно се враќа на големото платно. „Солт“ првокласен акционен трилер, режиран од Филип Нојз, веќе проверен мајстор на жанрот, кој со Анџелина Џоли соработуваше во одличниот „Колекционер на коски“. Филип Нојз се потпишува и зад познатиот серијал филмови во кои Харисон Форд го глуми агентот на ЦИА, Џек Рајан, „Патриотски игри“, „Јасна и присутна опасност“.
И во овој филм, Филип Нојз плива во познати води. Главниот лик е агент на ЦИА, кој според првобитниот кастинг е доделен на Том Круз, поради што е дополнително адаптиран за Анџелина Џоли. Евелин Солт е агентка на ЦИА, која лажно е обвинета од еден затвореник дека е руски шпион. Колегите се свртуваат против неа и таа е приморана да се вдаде во бегство. Во играта на мачка и глушец со амбицизниот агент Пибоди, игран од Чиветел Ејиофор, кој ја води истрагата поврзана со неа, Евелин Солт го користи целото свое знаење и познанства за да ја докаже својата невиност.
{youtube}v=FNkTFao5_UI{/youtube}
коментари
овде нема ништо