Владимир Милчин: „Таа вечер, на „јавниот сервис“ МТВ 1, аргументите и прашањата на Жарко Трајановски беа игнорирани и неодговорени. Вклучително и прашањето за лустрацијата на оние кои го кодошеле и осудиле Ченто. Бонева одмавна на тоа и побара да не се разговара за „индивидуални случаи“, небаре Ченто бил портир во Президиумот на АСНОМ. Остана без одговор и прашањето зошто се лустрираат жртвите, а не налогодавците. Без реакција остана и неговото тврдење дека службите и натаму остануваат недопрени и надвор од секаква контрола и на Собранието и на јавноста. Сѐ дури е така, лустрацијата во Македонија ќе биде само политичка чистка, како што ја нарече „Њујорк тајмс„ во статијата објавена на 24 јануари.“
коментари
овде нема ништо