Случувањата во атомската централа Фукушима, Јапонија кои го фокусираа вниманието на милијардите луѓе на планетава ме наведе да се потсетам на едно интересно четиво кое го имам прочитано одмана уште на почетокот од моите студии некаде на средината на деведесетите. Се работи за книгата ПОСВЕТЛО ОД ИЛЈАДА СОНЦА - ЛИЧНА ИСТОРИЈА НА АТОМСКИТЕ НАУЧНИЦИ, од новинарот, публицистот и антинуклеарниот активист Роберт Јунг со еврејско потекло и австриска резидентност. Книгата е напишана на почетокот на педесетите години од минатиот век, за време на интезивните истражувања на Робер Јунг за историјата и почетокот на новата нуклеарна ера. Напишал повеќе книги и дела поврзани со истата тематика но оваа книга останува најзапаметена од светската читателска публика. Книгата е всушност фактографско запишување на настаните кои довеле до создавање на нуклеарното оружје, има бројни историски, биографски податоци и интервјуа со бројни познати физичари кои секој има свој мал доприност во креацијата наречена АТОМСКА БОМБА.
коментари
овде нема ништо