Некој за овие бесмислени текстови зема плата, луѓе! Текстот се вика Проклет 31.08. Внимание!, а е објавен од Канал 5.
Од многуте работи кои не се во ред со текстот, ќе ги одвојам следните (патем, јас како блогер не чувствувам обврска да ги проверам фактите од три независни извори):
Целата тема е тотално безвредна. Дури и кога се досадува човек не треба да чита вакви секрети.Новинарот кој го пишувал текстот сеуште не научил дека по интерпункциски знак се остава празно место, а не пред него (или каде сакаш).Ни новинарот, ни лекторот, ни било кој друг не се потрудил да ги исправи печатните грешки од типот на: „најнесречниот“ број, „слани“ личности или малата буква на почетокот од последната реченица.Астронаутот Јури Гагарин умрел на 27 март 1968 година.Танчерката Исидора Данкан умрела на 14 септември 1927 година.Инжинерот и пронаоѓач Рудолф Дизел умрел на 29 септември 1913 година.Возачот на Формула 1, Аиртон Сена умре на 1 мај 1994 година. Со свои очи го видов како се заби во кривината Тамбурело во Имола, возејќи над 200 км/ч.Актерката и принцеза Грејс Кели умрела на 14 септември 1982 година.
Значи, ај што текстот не е занимлив, туку каде е тука науката? Е па „анализата“, што би рекол авторот, покажува дека принцезата Дијана навистина трагично загина на 31 август 1997 година. Втора „наука“ во текстот е дека во Калдејската нумерологија бројот 29 навистина претскажува негативности. Што е право, право е. ;-)| Panta Rei | alati.org | pesna.org |
коментари
овде нема ништо