[ напомена: текстот е преземен од Facebook страна, не е мое дело и немам ништо лично против Софија ]
Сите ние сакаме (потајно или не) да бидеме познати, славни, барани, сакани, плукани, вреѓани, исмејувани... и потоа пак сакани, и пак озборувани... НО не сите имаме желба тоа да го направиме на сила. Ако ти било судено, ако имаш сјајна ѕвезда или харизма ќе привлечеш маса луѓе околу себе. НО не секогаш само харизмата или добриот глас за пеење или привлечната појава се предиспозиции за успех! Треба да имаш и добар "грб" кој ќе те носи низ сите тие валкани калдрми на "шоу бизнисот", a сепак на крајот да останеш со чисти нозе... и раце. Сите знаеме дека е потребно некој да те бутка напред, да ти даде поддршка (читај финансиски средства), да се бори со злите јазици наместо тебе, затоа што нели- треба да останеме "невини", фини, културни и да се преправаме дека сите ги сакаме...
Меѓу другото, треба да имаш и добар PR менаџер кој ќе се грижи тие ваши "позитивни" особености да ги истакне до максимум. Да го шири добриот глас за вас (со мало "в" нормално) да направи да ве ИМА, колку е можно повеќе, макар и да рекламирате месна индустрија, во најдобар случај јогурт.
Во мејл кој ПР менаџерот на горенаведената С.М. го испратила до новинарите со цел да ни ја долови долгоочекуваната информација за неа каде, како и што правела ова лето, таа го пишува следново...
п.с. За поголемо уживање на читателите, ова писмо не беше подлежно уредување, шминкање и туширање... чист "copy - paste". Истото ќе биде пропратено со мал коментар од моја страна, во "заграда", да не дојде до забуна! :)
"Почитувани, би сакале да ве информираме за новините кај една од нашите најмлади артисти - Софија Манева! (не дека е нешто најмлада, ама ајде...)
Иако летово имаше многу големо побарување за најезини настапи (најбаранија на Балкану), сепак нашата Софија реши, а и со право, да си земе еден продолжен одмор...Така што скоро еден месец таа не бепе достапна за ниеден од нас ( ;( )...не знаевме каде и што прави.. (или сепак знаевме?!...)Софија скоро цел месец уживала на Јадранското и на Средоземното Море... (да бе, сме знаеле!)Скоро 10 дена поминала шетајќи ја обалата (или брегот) на Хрватска, така што ги посети Сплит, Дубровник, Брач, Шибеник каде што ја видела Ева Лонгорија заедно со нејзиниот дечко кој пуштал музика во некој клуб (а јас пак помислив дека се венчаа пред некоја година... :/) ...Од патувањето во Хрватска воодушевена е од убавините на Дубровник и културното наследство кое овој град навистина го има :)
Но Софија тука не застана со патувањето (за одмора времена нема!)... својот летен одмор го продолжи на нај актуелната туристичка дестинација за летово - Палма Дел Малорка (или ДЕ МАЈОРКА, кој како претпочита). Најинтересно што можеме да го издвоиме од ова патување на Софија е фактот што таа ослабнала неколку килограми од причина што зачинетата храна во Шпанија воопшто не и одговарала и не и се допаѓала (сигурно ништо не јадела!). Како и да презадоволна е од сите плажи, од ноќниот живот, забавата која трае 24 часа... Исто така успеала да отиде и до Ибица, но нејзините импресии за овој остров и не се нешто особено големи, напротив единствен впечаток и оставила големата бројка на лица кои биле под дејство на дрога. :) (зашто е "смајливо" ако не и се допаѓало?? :P) Но од главниот град на Палма е презадоволна и призна дека најголемиот дел од парите...ги оставила на тоа место, во големите трговски центри :) за што имаме и доказ во некоја од фотографиите...
Во прилог покрај овие фотки ви испракјаме и фотографии од Хрватска...
Поздрав, Ема Темелковска МНА - Продукција"
Наравоучение: Вака треба еден PR менаџер да известува! Shame on all the rest! :))
За крај... секако дека во овој текст нема намера да се оцрни нашата мила Софи.
До следното читање...
Поздрав.
[ оригинален линк ]
коментари
овде нема ништо