Медиумската куќа Deutsche Welle, верувам на сите позната, има веб сајт кој е многу богат ресурс за вести и информации. Како извор на вести, го препорачувам заради добриот баланс меѓу македонски и светски новости.
Но, има уште една работа која вреди да се препорача, а тоа се бесплатните мултимедијални курсеви за учење германски јазик. Имено, преку курсеви кои се состојат од книги во PDF формат, аудио записи, но и видео клипови, секој посетител може сосем бесплатно да заплива во изучување на германскиот јазик.
Курсевите се спакувани во блокови кои се состојат од повеќе лекции, а тематски се организирани за да одговараат и за целосни почетници, и за напредни ученици. По едно кратко разгледување, веднаш се забележува дека материјалите се квалитетно изработени и дека со нив учењето ќе биде и лесно, и забавно.
Еве и добра идеа како да се употребат безделниците од превработената државна администрација, вклучувајќи го тука и „јавниот сервис“, како што сака да се нарекува Македонското радио и телевизија: ако немаат што да прават, нека продуцираат курсеви за учење македонски јазик, кои потоа ќе се објават за бесплатно користење преку некој веб сервер.
Линк: Учење германски (Deutsche Welle).| Panta Rei | alati.org | Say: Macedonia | Macedonian Folk Songs |
коментари
овде нема ништо