Управата за јавни приходи им поднесе даночни пријави на свештените лица, барајќи од нив по паушален основ да платат персонални даноци кои се движат во рамките од 2.500 до 8.000 евра. Даночењето на религиозните „фирми“ според мене е сосем исправно, но тоа не ми беше темата на постов.
Она што сакав да го посочам е смешниот начин на кој незадоволните свештеници (конкретно од МПЦ-ОА) сакаат да се куртулат од плаќање данок:
- Ќе одиме со мантиите пред зградата на ВМРО-ДПМНЕ за да добиеме одговор зошто и како да ги најдеме овие пари. Зошто ни го прават ова? Па ние за нив чукавме камбани кога победија. Зар за сега да ни праќаат извршители?
ЛОЛ! Да се растрчам и јас море, додека има камбани, да си купам една, белки и јас ќе се спасам од данок, бидејќи за 2008 година на УЈП ѝ платив персоналец како за Ѓаолот да работам! Па ако ми успее финтава со камбаната, кај да е и за мене ќе собере за едно џипче. ;-)
Линк: Даночниците удрија по свештениците (Време).| Panta Rei | alati.org | Say: Macedonia | Macedonian Folk Songs |
коментари
овде нема ништо