Понекогаш купувам облека од онлајн продавници во САД, за мене и за моето семејство. Се работи за еден помал пакет, кој досега имаше вредност помала од 50 евра, бидејќи тој износ го знаев како лимит над кој пратката се царини (тука кај нас, во Македонија). И некое време овој систем си функционираше ОК.
Но, неодамна решив да порачам пакет со алишта со поголема вкупна вредност, односно околу 140 евра (оригиналната сума е 210 долари). Ова го направив бидејќи сакав да има повеќе работи заради претстојните празници, но и бидејќи од три независни извори (цариници) добив информација дека бедниот лимит од 50 евра е покачен на 175 евра. Знаејќи во каков башибозук живееме, малку бев скептичен, но сепак ја направив порачката. И како да знаев...
Минатата недела ми пристигна вообичаеното известување од Македонски Пошти дека имам пратка, која треба да ја подигнам во локалната пошта, но и дека треба да платам царина во вредност од околу 1300 денари. Царина?!? Кога се созедов, видов дека оваа одлука доаѓа од битолската царинарница, дека како царинска основица се посочуваат 3.000 денари (според тежината на пакетот?), и дека на нив ми се пресметуваат:
15% по непознат основ, 18% по непознат основ, 150 денари административна такса и 70 денари за обрасци (една стандардна уплатница и едно ливче, означено со Образец бр. 7).
Телефонскиот број од битолската царинарница, кој ми го дадоа во Македонски Пошти не функционира (047/208-766), бидејќи на него постојано добивам некаква порака дека бројот не може да се добие. По неколку обиди се откажав од намерата да побарам објаснување од цариниците од Битола. Но, затоа ќе прашам тука: знае ли некој кој е точниот лимит над кој се царинат пратки од странство? Знае некој по кој основ мене ми е пресметана царинска основица од 3.000 денари? Ако сепак во случајов сум бил почетно добро информиран, ќе им пренесе ли некој на цариниците од Битола да работат во склад со законот и да не наплаќаат царини за пратки под 175 евра?| Panta Rei | alati.org | Say: Macedonia | Macedonian Folk Songs |
коментари
овде нема ништо