Распеаните Скопјани за прв пат излегоа да запеат надвор од Скопје и им дадоа поддршка на Велешани во борбата против рестартирањето на топилницата во нивниот град. Со гас маски на главите и црни шлајмови во градите, од голите ридови околу топилницата им порачаа на Велешани: „Breathe deep, while you sleep, breathe deep!“
Една масовна хипи-комуна, како што се и самите, не може да ја пропушти приликата да запее и за зелените прашања на нивниот град, особено кога се работи за песна од мјузиклот „Коса“. Па, истата песна ја посветуваат и на Скопјани прашувајќи ги: Дали чистите бели дробови имаат цена? Дали најзагадениот град во светот оваа зима е убаво место за живеење? Дали половните возила, фабриките, топланите и објектите во изградба се прифатлива цена за живеење во сив, наместо зелен град?
00:00:35
повеќе
коментари
овде нема ништо