Оваа година покровител на Меѓународниот ден на литературата за деца е Мексико. Авторот Франциско Инохоса ја напиша пораката, а постерот е дело на Хуан Хедовиус. Денот на литературата за деца се слави на 2 април секоја година, роденденот на Хансд Кристијан Андерсен.
Си била некогаш некоја приказна која целиот свет ја раскажувал. Всушност не било тоа само една приказна ами повеќе, и тие почнале да го полнат светот со сказни за непослушни девојчиња и волци кои заведуваат, стаклени папучки и заљубени принцови, умни мачки и лимени војничиња, и пријателски расположени џинови и фабрики за чоколади. Го наполнија светот со зборови, поуки, слики и прекрасни ликови. Направија светот да се смее, да се чуди и да живее заедно. Му дадоа смисла. И оттогаш, овие приказни продолжија да се размножуваат, раскажани сто и еднаш: „Си била некогаш приказна која цел свет ја раскажувал...“
Вермилион секоја година го обележува овој ден со настан посветен на промовирањето на литературата за деца. На 2 април 2012 ве покануваме на промоцијата на новата книга на Христо Петрески, изложба на двајца илустратори за деца, и многу други активности. Следете не’ за да ги дознаете деталите.
коментари
овде нема ништо