Цртањето со пенкало е најтешка техника во скечирањето. Сигурно како ученици и студенти сте полнеле цели тетратки со најразлични чкртаници. Досадата на предавањата на крај може да направи вистинско ремек дело. За разлика од моливот, тука најбитна е контролата и прецизноста. Ефектите тука се постигнуваат на различни начини. Но, и покрај овие лимити, пенкалото станува медиум преку кој се изразуваат од аматери до професионални артисти. Постои голем избор на пенкала, и за квалитетно скечирање мора да имате најразлични модели по неколку на број, крај краева тој е најевтин материјал на секој уметник. Од моето скромно искуство, би ве советувал секогаш да користите подебела хартија, 200-350 грамска хартија и секогаш почнувајте со најсветлото пенкало за да ги оцртате контурите, дури потоа може потемни па и црно на крај.
коментари
овде нема ништо