Како продолжение на мојот претходен пост, а и големото интересирање за темава на форумите на it.com.mk, еве еден преглед на платите на програмери кои денес се постигнуваат во Македонија.
Ве молам да имате предвид дека ова во никој случај не е правило, туку повеќе пресек на она што постои. Значи, платите можат да варираат и нагоре и надолу, зависно од компанијата, нејзината успешност, но и стопанските фактори (криза/подем/стагнација).
[Кликнете на „Читај повеќе“ за да ги видите платите...]
Ниво 1 - Програмер - јуниор
Потребни вештини:Знае да одговори на телефон и да го каже тоа што треба („Го добивте Инфопроект, зборувате со Јован Јовановски, како можам да ви помогнам?“) (сериозен сум).Знае да одговори на телефон кога ќе се јави корисник и да запише што сакал корисникот, но на начин да звучи кохерентно и разбирливо (кој, од која фирма, што му требало, ако има грешка: која програма/модул, кои услови, дали грешката се повторува, колку е грешката критична за корисникот).Се труди (со запишување и прашување) да го разбере фрејмворкот на кој работиме.Постојано му е отворена страницата со документација за Mootools (основната JS библиотека која ја употребуваме во front-end-от).Ја анализира централната база од клучната апликација и се труди да ги разбере врските (околу 190 - 200 табели, просечно).Покажува иницијатива - идеално, бара да му отвориме тест-апликација на серверот за да може да вежба.После извесно време, способен е -- со релативно малку прашување -- да напише базичен CRUD програм за работа со некоја едноставна табела, да го вклучи во фрејмворкот (да се појави во менијата) и да не заборави да стави во meta дека енкодингот е utf-8.Плата: на ваквите, 200 евра им е доволно, и тоа ако покажуваат иницијатива, а инаку им се заблагодаруваме на соработката (don't call us, we'll call you).
Ниво 2 - Програмер - аналитичар
Потребни вештини:Кога ќе се јави корисник со проблем, воглавно може да разбере за што се работи, ако треба, да го потпраша за објаснување и да пренесе што се случило, а ако е напреден и грешката е помала, дури и да преземе нешто (со претходно одобрување).Знае доволно за клучната апликација за да изработи преглед со зададена програмска спецификација (кои се влезни параметри, кои се колони, групирање/подсуми/суми/салда) (обрнете внимание на „зададена спецификација“).Прави помали интервенции во базата (update, види дали се впишува ...), може да ги синхронизира базите (развојна/тест/продукциска).Може да направи „странични“ модули од типот: пријава на комитенти со сите додатни табели (но со зададени изгледи на форми), прекнижување на податоци, конфигурација на тип на документ, одржување на изборниците (менијата), итн.Може да предложи поситни подобрувања, оптимизации, да забележи недостатоци па дури и да ги отстрани.Оди на терен кај корисници и прави обука за користење на апликациите, запишува feedback, можеби и дискутира со корисникот за одредени прашањаПлата: 350 евра, тука некаде
Ниво 3 - Програмер - сениор
Потребни вештини:Изработува сериозни модули (нпр. внос на документ, врзување на ставки, внос на налог ...), со многу малку консултации. Програмската спецификација си ја изработува самиот.Со корисниците самостојно договара и изработува прегледи, ги рафинира и ги инсталира.Може рамноправно да разговара со, што знам -- шефот на сметководство кај корисникот, и потоа да ги имплементира измените кои тој ги побарал.Полноправно учествува во дизајнот и развојот на секоја нова и стара апликација.Можеш да ѝ кажеш: „Светле, оди те молам кај тој-и-тој корисник и види што треба да се направи“, без да се грижиш.Плата: 500 евра, по заслуга и повеќе (бонус, награда, итн.)
Ниво 4 - Rock star
Потребни вештини:„Горан, склучив зделка со компанијата XYZ за опфат на нивното целокупно работење. Договорив 80.000 евра за 12 месеци. 10.000 се за тебе. Ај, те молам, направи што треба.“ (Јасно? Имав еден Горан кај мене своевремено. Вистински rock-star! Сега е битен на битно место.)Плата: над 1000 евра плус процент/износ од зделките.
коментари
ljupceto 0 поени1 поен2 поени пред 2 месеци[-]
razvigor 0 поени1 поен2 поени пред 1 година[-]
vordan 0 поени1 поен2 поени пред 1 година[-]
razvigor 0 поени1 поен2 поени пред 1 година[-]
miopa 0 поени1 поен2 поени пред 1 година[-]
vordan 0 поени1 поен2 поени пред 1 година[-]