Македонците се иселувале со векови наназад, си ја барале среќата во други, поразвиени средини, работеле привремено во странство, но никогаш не дошле до ситуацијата во која сега се наоѓаат: буквално во паника да бегаат од Македонија, како да се спасуваат. Темата е позната и од битовата драма, која цути меѓу двете светски војни од минатиот век: „Печалбари“ на Панов, на пример, е само врв на уметничкото обликување на темата – македонска дијаспора. Но позната е и од стварноста – за Куманово, на пример, се знае дека е град речиси иселен во Авганистан и други атрактивни дестинации.
коментари
овде нема ништо