Панини или стручно, термин наменет за сендвичите и тоа оние италијанските е она што вие го одбравте вчера. Кликавте и гласавте за панини со пилешки гради и кашкавал. Се надевам не мислевте дека се работи за сувомеснат производ „пилешки гради“. Ако мислевте на тоа, веднаш исклучете го постов. Е сега, да објаснам. Станува збор за еден одличен и вкусен рецепт од кој потекуваат лиги. Пилешки гради, врз ред мајонез и сенф, во придружба на тенки парчиња пржена сланина и многу кашкавал. Сето тоа запечено и на тост. Во продолжение еве го рецептот:
---Потребно е:
8 парчиња леб (традиционално, француски багет, но може да употребите и кришки леб)4 лажици омекнат путер2 парчиња пилешки гради, измиени и исечени на половина по должинасенфмајонез4 парчиња кашкавал8 парчиња сланина, испрженаПодготовка: Парчињата пилешко исечете ги на половина по должина, исчукајте ги со дрвен чук за месо, испржете ги на загреан путер со малку масло.
Пржете околу 10 - 12 минити, додека да бидат меки. Кога ќе бидат испржени исечете ги на тенки ленти. Земете две парчиња леб. На едната страна ставете малку сенф, а на другата мајонез. Размачкајте.
Ставете по неколку парчиња пилешки гради на едната страна од лепчето, врз нив ставете од сланината, а врз неа ставете две парчиња кашкавал.
Затворете го сендвичот со другото парче леп и ставете го на тостер или скара.
Печете додека да се растопи кашкавалот.
Готовиот сендвич исечете го на два дела и сервирајте го.
Извор: http://thepioneerwoman.com
коментари
овде нема ништо