Во петокот во општина Тетово, во присуство на градоначалникот проф.д-р.Сади Беџети , архитекти и домашни и странски стручни лица , студенти по архитектура, невладини организации и граѓани беше презентиран идејниот план за реконструкција на плоштадот " Илирија. " Проект обработен од студиото за дизајн составено од Бланд , Браун и Кол од Кембриџ вклучува проучување на постојната структура на плоштадот "Илирија" и нуди план за регулирање од примерите на светските градови. Проектот се состои од општа трансформација на плоштадот кој предвидува реконструкција на постојните објекти и изградба на нови објекти. Градоначалникот на општина Тетово, проф.д-р.Сади Беџети ги поздрави присутните рече дека во првите денови со раководење на општина Тетово меѓу многуте други прашања е разговорано за изградба на плоштадот "Илирија", со цел да им понуди повеќе на граѓаните и целосно да биде во служба на граѓаните, односно да биде мулти-функционален плоштад.
коментари
овде нема ништо