Три дена траеше Извршниот комитет на текстилната асоцијација (АСТЕ) што се одржа во Тетово, под покровителство на Општина Тетово, каде што присуствуваа претставници од 22 земји-членки на оваа асоцијација. На прес-конференцијата , градоначалникот на општина Тетово, проф. д-р. Сади Беџети рече дека Тетово од минатата година е зачленета во ова здружение и сега е нејзин редовен член. "Членството има за цел да и понуди помош на бизнис заедницата во Тетово, а особено за поддршка на производството во текстилното поле. Од нашето членство во оваа асоцијација нормално е дека ќе има многу бенифиции кои произлегуваат од оваа соработка започнувајќи од пренесување на информации и поврзаноста со текстилното производство во земјите на ЕУ“, рече Беџети.
коментари
овде нема ништо