8-ми Март Во ТЦ Карпош3 (Лептокарија), по повод Денот на жената 8 март, и големиот христијански празник Прочка, денес (недела 06 март) се оддржа голем културно-уметнички хепенинг. Општина Карпош преку Комисијата за еднакви можности на жените и мажите организираше неколку часовно уметнико творење на жените академски сликарки: Симонида Филиповска Китановска, Касиопеа Наумовска, Марија Светиева, Дита Старова, Наташа Милованчев, Мариета Сидовски, Росица Лазовска, Вања Петрушевска-Дуза, Маја Стојанова, Јулијана Гешовска, Ана Апостоловска и Теута Хоџа. Во оваа пригода, официјално беше отворена и изложбата на нашиот познат уметник Никола Иванов -Балтон, за чии дела критички осврт даде Климе Коробар. Изложбата ќе трае во наредните десет дена во Кинотеката на Македонија.
коментари
овде нема ништо