Во врска со последниот вандалски чин на уништување на дел од имотот градежните машини на улица „Женевска“ во Општина Карпош,портпаролот на Општината, Виолета Цветковска ја даде следната изјава за медиумите:
„Станува симптоматично, во втор наврат, кога Карпош интензвно гради, да се вршат вандалски напади врз имотот на градежната оператива. Ноќеска на улица „Женевска“ се искршени стаклата и хаубите на градежните машини кои работат на реконструкција на улицата. Истотот деструктивен атак се случи пред четири месеци на улица „Нерешка“, во населбата Жданец. Ги повикуваме, МВР, надлежните служби да го заштитат народот и нивниот имот. Затоа што тука се гради со парите на граѓаните на Карпош и се уништува нивен имот. Се надевам дека МВР час поскоро ќе ги открие сторителите и мотивите за ваквиот чин и ќе постапи соодветно според законот.
коментари
овде нема ништо