Реконструкции Во Општина Карпош почна есенскиот бран на изградба, реконструкции, санации на улици долж територијата на целата општина. Од минатата недела почна изградбата на атмосферска канализација по улицата „Дрезденска“. Станува збор за изградба на атмосферска канализација во должина од 680 метри, зафат кој го работи фирмата „Метал Електрик“ и кој чини 3.912.049,00 денари.
Долж „Дрезденска“ се реконструираат и тротоарите на површина од 2.560 квадратни метри. Оваа зделка ја доби фирмата „Анизор“ и чини 3.290.029,00 денари.
коментари
овде нема ништо