Охрид денеска ја одбележа 30-годишнината од ставањето на градот на Светската листа на заштитени градови на УНЕСКО.
Поради забрзаната урбана деградација, недоследностите при поделбата на надлежностите помеѓу одговорните институции на локално и централно ниво, загадувањето на околината, но и човечкиот фактор, Охрид, пред се, се соочува со проблеми во исполнувањето на критериумите за негово задржување на таа листа.
Токму тие проблеми беа посочени од експертите на денешната свеченост посветена на јубилејот, на која беше потсетено дека членството и заштитата од организација како што е УНЕСКО е престиж, но и голема обврска за сите кои се избориле за таков статус.
Коста Балабанов, еден од изготвувачите на проектот за впишување на Охрид во листата заштитени природни и културни вредности на УНЕСКО, три децении подоцна зборуваше за неопходноста од целосно почитување на препораките, добиени од Светската организација уште при впишувањето на Охрид во листата. Тој предупреди на опасноста што многу од важечките пропозиции на УНЕСКО веќе не се почитуваат, односно се видоизменуваат објекти заштитени како светско културно наследство.
- Мора да се води сметка за заштитата на се она што е ставено на листата на УНЕСКО. Ние како луѓе кои работевме во заштита на спомениците на културата, не дозволувавме ниту бања да се гради во некои од објектите во стариот дел на Охрид. Заштитата на објектите ставени на листата мора да биде апсолутна, рече Балабанов. Тој притоа потсети дека самиот факт што едно место, објект, град е на таа листа, е предимство, една брилијантна легитимација за развој на туризмот.
Градоначалникот на Охрид, Александар Петрески, меѓу другото, посочи на потребата од издвојување на градот Охрид со посебен закон од останатите градови во земјата, токму поради неговото членство во УНЕСКО.
Охрид денеска ја одбележа 30-годишнината од ставањето на градот на Светската листа на заштитени градови на УНЕСКО.
коментари
овде нема ништо