На 02.09.2010 / чет. / со почеток во 20 часот во Изложбениот салон на Националната установа Центар за култура “Трајко Прокопиев“ – Куманово ќе биде отворена изложба на фотографии на авторот Влахо Бранѓолица. Изложбата е во ораганизација на Заедницата на хрватите во Република Македонија – огранок Куманово и Националната установа Центар за култура “Трајко Прокопиев“ – Куманово. Влахо Бранѓолица е роден во 1960 год во Скопје во семејството на композиторот Љубомир и балерината Вера Бранѓолица. Раниот контакт со уметноста ќе го обележи неговиот професионален развој. Дипломира на Педагошката академија, a 1987 год и на Факултетот за ликовни уметности во Скопје. Во 1995 год се стекнува со титулата Магистер Артиум на Високото училиште за применети уметности во Виена и најпосле магистрира и на ФЛУ со одбрана на мултимедијалниот проект "Нулта точка и Морето на светлината". Развива широка активност во доменот на визуелните комуникации каде како изразно сретство најчесто го користи фотографскиот медиум. Од 1999 год до 2001 год предава во Школото за креативна фотографија при ЦХР во Скопје. Предава фотографија на ФЛУ. а од 2007-ма год. е вработен како професор на Академија Италијана во Скопје. Работи на повеќе проекти од кои најважни се "Кањон матка"-1997 год., "Прибежиште Македонија" -1999 год, "Ние сме еден свет"- за потребите на установата за лица со посебни потреби во Д. Капија во 2000 год., "Болници пријатели на бебињата" во 2001 год.. Македонски духовни конаци /монографија/ и "Надвор од кругот“ во 2003-та год.Изложувал самостојно на три графички и пет фотографски изложби. Добитник е на повеќе награди, во и надвор од земјата меѓу кои се издвојуваат: наградата на градот Скопје 2000 год. фотографија на годината 1999 и 2000 год., награда на корпорацијата NIKON на NPCI натпреварување во Токио 2002 год. и наградата за фотографија на UNDP во 2004-та год. Работел како фотограф и цртач за повеќе фирми и установи во Македонија и надвор од неа. Меѓу другото работел на изготвувањето на промотивниот материјал со кој Градот Скопје во 2008 и 2009-та год. ја освои престижната награда во Лугано, Швајцарија.
Изложбата ќе биде поставена до 16 септември 2010 гМного повише на www.kumanovac.com
коментари
овде нема ништо