Слаѓана Стефановска е македонка, Кумановка која повеќе години живее во Германија. Секоја година доаѓа во нашиот град специјално за во живо да го следи фестивалот. Годинава ја видовме и од другата страна како партиципиент, во вечерта на нови ѕвезди. Се претстави со песната "Вети ми".
"Тоа е композиција со брз рефрен, во рок стил. Текстот е на Весна Малинова, а музиката и аранжманот на Владимир Дојчиновски" - рече Слаѓана.
Ја запрашавме што за неа претставува Охрид фест?
"Охрид фест е еден голем хепенинг во Македонија, редовно сум го посетувала одамна и сега бидејќи сум музичар во последно време најголемата желба ми беше да бидам дел од вакви манифестации, а кај мене Охрид фест е на прво место и многу сум среќна што годинава сум дел од него.
Студирам музикологија во Германија, пеам, свирам клавир и гитара"
http://www.radioohrid.com.mk Много повише на www.kumanovac.com
коментари
овде нема ништо