Продолжува реконструкцијата на Амамот со изведба на
новиот покрив на
овој споменик на културата, во кој ќе биде сместена Ликовната галерија.
Општина
Гевгелија распиша тендер за поставување на бакарен покрив, а за најповолна беше
избрана понудата на скопската фирма "Алкон проект".За овој зафат од
страна на општинскиот буџет ќе бидат издвоени 1.051.000 денари, додека од
страна на Министерството за култура се одобрени 400.000 денари, кои преку
тендерската постапка што треба да ја спроведе Заводот за заштита на споменици
на културата-Подрачна единица во Струмица ќе бидат наменети за фасада и
преостанатите изведбени работи.
коментари
овде нема ништо