По повод општинскиот празник 7 ноември, во Габрово,
Гевгелиско, беше предаден во употреба новиот мост на Петрушка река.
На предвањето на мостот, кој беше урнат од поплавите пред
две години, присуствуваа градоначалникот на општина Гевгелија, членови на
Советот на општина Гевгелија, граѓани од Миравци, Петрово и Габрово. Притоа,
градоначалникот Франгов истакна дека со новоизградениот мост на граѓаните од
овој дел на општината им е овозможена повторна сообраќајна комуникација. И тоа,
за многу кратко време од отпочнувањето на градбата.
коментари
овде нема ништо