Од денеска и во битолскиот регион почна акцијата за чистење на речните корита и одводните канали кои беа причина за овогодишните поплави.
Динамиката и локациите се одредени според акциониот план на владата. -Во текот на оваа година планирано е да се чисти реката Драгор од мостот кај село Карамани до вливот во реката Црна во должина од 4.700 метри.
Ќе продолжиме со реката Шемница и Бистричка река, а штом се намали нивото на реката Црна и се одобри механизација од Владата ќе се чисти и нејзиното корито - вели Димче Јошевски, раководител на Дирекцијата за заштита и спасување.
коментари
овде нема ништо