„Заштити, спречи, вакцинирај" - ова е мотото на Европската недела на имунизација која започна на 24 април и ќе трае до 1 мај. Во рамките на активностите кои се преземаат се и теренското вакцинирање на ромските деца кое го вршеше екипираната превентивна служба. Денес беа лоцирани на улицата „5-та" кај Петочна вода, а се вакцинираа деца од предшколска и школска возраст. Особено внимание во оваа недела се посветува кај ромската популација, кај која во последните години е подигнато нивото на здравствена заштита. Големиот интерес кој го имаше денес го потврди тоа, мајки, татковци, баби, роднини ги носеа децата до пунктот да се вакцинираат. А дека се запознати со задолжителноста на вакцинацијата, ни потврдија и тие. Децата до 6 години се најчуствителната група, велат педијатрите.
коментари
овде нема ништо