Целиот живот започнува од јајце, а за да се чекори успешно низ животот неопходен е воспитно образовниот процес чиј нераскинлив дел е книгата. Поврзувајќи ги велигденското јајце и книгата Лајнс клубот од Битола и Тера телевизија започнаа со реализација на проектот ,,Подари книга за велигденско јајце".
Со забрзан чекор, нестрпливост, возбуда и радост учениците од основните училишта кои денеска ги посетивме брзаа во училиштата каде најкреативните ги очекуваше и награда книга подарок од печатницата Киро Дандаро.
Уметноста која покрај учениците ги вклучи и родителите и наставниците ќе го збогати фондот на училишните библиотеки:
коментари
овде нема ништо