Непознати сторители демолирале делови од Порталот на Еврејските гробишта во Битола, кој како споменик на културата беше реставриран пред две години. Искршено е украсното стакло од прозорците на двете спомен-соби посветени на битолските Евреи, обиени се двете врати од овие простории.Порталот честопати е демолиран и сквернавен.
-Нашите ингеренции не одат до таму за сите споменици да обебедиме физички надзор оти се голем број, вели Зоран Николовски директор на Завод и музеј Битола. Реставрацијата тогаш се направи со пари од Министертвото за култура, од Заводот но и од здружение од САД кое се грижи за сведоштавата од периодот на Евреите надвор од Америка. Ги оспособиле двете спомен соби, напрвиле копии од менората, карактеристичниот свеќник, урната каде се чуваше пепелта од логорот во Треблинка како и други обележја на Евреите.
коментари
овде нема ништо